Политика
без поврат.
Секоја MiniBrick рамка се изработува рачно, само за вас. Затоа не нудиме враќање ни поврат на пари.
Последно ажурирано: 25.10.2026
Зошто
Рамката ја составуваме според вашиот избор: фигурите, имињата, текстот, датумот и позадината. Таква рамка не може повторно да се продаде, па по потврдата на нарачката не ја враќаме и не враќаме пари.
Пред да потврдите
- Проверете ги имињата, текстот и датумот, буква по буква.
- Проверете го бројот на фигури, нивниот изглед, миленичињата и позадината.
- Проверете ги името, телефонот, адресата и општината за достава.
Ако сакате нешто да промените, пишете ни на minibrick827@gmail.com пред да ја потврдиме нарачката. Додека не е потврдена, нарачката може и да се откаже.
Вашите законски права
Оваа политика не ги ограничува правата што законот ви ги дава како потрошувач, во мера во која тие се применуваат. Повеќе во Условите за користење.